Кога си бевме во карантин почнавме да се занимаваме со нешта на кои порано воопшто не сме обрнувале внимание. Секако, оваа тема не може да помине без „скинкер“ навиките, но и одгледувањето домашни растенија.
Сепак, тоа е за оние кои нема да ги заборават предолго, кои редовно ќе ги полеваат и кои ќе знаат како да се грижат за нив со љубов и внимание. Но, Mabel Low најде многу убаво решение за потрајна опција, што не е пластични цвеќиња кои собираат прашина низ дома. Изработува најразлични видови цвеќиња, рачно, од хартија и картон, а сето тоа го прави со голема прецизност, што ако не знаете, нема ни да забележите дека се работи за вакви изработки.
Можете да си изберете сукуленти, орхидеја, букет, сончоглед, што и да сакате. Ако сте креативни и вие самите, тогаш искористете ја оваа идеја за и самите да се испробате дали ве бива за вакви работи. Можеби и ќе успеете да направите нешто вака прекрасно и притоа да бидете сигурни дека никој неодговорен нема да ги исуши и уништи за неколку дена.