Флертувањето за малку ќе било криминал

Anti-Flirt Club

И денес е многу непристојно тоа довикување и дофрлување по улица или по ресторани, но, во 20тите тоа вознемирување било толку распространето што било буквално неиздржливо. На жените им се лошело од тој сељачки однос, кога оделе сами  да им се дофрлаат секакви непристојности од мажи по улиците или во автомобилите и време било нешто да се превземе. “Anti-Flirt Club” било движење кое се формирало во САД во раните 1920-ти. Целта на ова движење било да се бори да се криминализира непристојното флертување и интимните односи на јавни места. Движењето било составено од жени и мажи, формирале клубови во Вашингтон, Чикаго и Њујорк и биле прилично гласни и преку медиуми, колумни и по протести. Имале поддршка од новинари, а и од институциите па така некои од дофрлувачите биле и апсени иако во тоа време немало закон за вознемирување или демнење, па не се знае по кој основ ги држеле во станица.

Во тоа време, флертување и запознавање луѓе обично се случувало на улиците и јавните простори. Некои луѓе го користеле ова како начин да се спротивстават на конзервативните норми и да изразат својата независност, но тоа често предизвикувало негативни реакции од другите членови на општеството. За да се спречи ова, “Anti-Flirt Club” се обиделе да го променат тој непристоен обичај. Членовите на ова движење побарале од жените да носат долги фустанчиња и да избегнуваат предизвикувачки погледи по улици, а мажите се поттикнувале да не бидат настојни и непристојни кон жените.

Клубот си имал и правила на однесување наменети за жените:

  • Не флертувајте – оние кои флертуваат набрзина често се каат отпосле.
  • Не прифаќајте возење од возачи кои флертуваат – тие не ве канат сите за да ве спасат од одење пешки.
  • Немојте да ги користите вашите очи за флерт – тие се за повредКогни работи.
  • Не излегувајте со мажи што не ги познавате – тие можеби се во брак, а вие ги интересирате само за влечење за коса.
  • Не намигнувајте – намигнувањето со едното око може да предизвика солза на другото.
  • Не се насмевнувајте на странци кои флертуваат – зачувајте ги насмевките за луѓето што ги познавате.
  • Не ги дружете сите мажи што можете да ги добиете – флертувајќи со многумина може да го изгубите оној вистинскиот.
  • Не дозволувајте постарите мажи да ве тапкаат по рамо и да се интересираат татковски за вас. Тие обично се оние кои сакаат да заборават дека се татковци дома.
  • Не го запоставувајте мажот во кој сте сигурни додека флертувате со друг. Кога ќе се вратите на првиот, може да го нема веќе.

Сепак, со текот на времето, движењето изгубило популарност, на крајот на 1920-тите престанало да постои и не успеале да го криминализират флертувањето. Можеби тоа се случило поради промената во општеството и модните трендови, како и поради растечките права на жените и промена во нивната улога во друштвото.

 

Anti-Flirt ClubАнти флерт клуб