Уметничка берза

За тие што знаат да видат убавина во сè

Кога ќе се спомне берза, на сите најпрво ни текнува на бројки, проценти, графикони и дијаграми, но очите на Гледис Ортеза ги гледаат на малку поинаков начин.

Гледис редовно работи како визуелен уметнички дизанер во Nike. Во периодот кога започна пандемијата, додека по дома следеле што се случува на берзата, дијаграмите и графиците ја инспирирале да размислува поотворено и во нив почнала да гледа многу повеќе од бројки и скокови и падови на вредноста на акциите. По некое време, спојувајќи ги, успеала да креира пејзажи, претворајќи ги во уметност.

Инспирацијата ја наоѓа во природата, секако, а во нејзиниот креативен ум се случило препознавање на форми и бои, па од скица, со графичко доработување и додавање уште малку уметност, таа успеала да создаде уникатни и неповторливи дела, кои редовно ги објавува на својот профил на Инстаграм.

Сепак, таа напоменува дека сите овие дела се само уметност и во ниту еден момент нема намера да ги украсува и разубавува движењата на берзата, за да влијае врз нечија бизнис одлука. Дополнително, месечината која ја додава е во чест на нејзината ќерка Лијана Луна и ако добро забележите, ќе видите дека ја има на секое дело.

Gladys Ortezaберзауметност