Стани личноста која треба да бидеш

А вака ќе сфатиш дека си на прав пат

Растењето и созревањето ни се неодложен процес од биднувањето изградени личности, а знаците дека тоа се случува може да ни личат на прв поглед чудно и непријатно, ама се скроз нормални.

Знаци дека стануваш она што треба да бидеш отприлика се:

  1. Знаеш да направиш сè сама

Толку знаеш да направиш сè сама, да се снајдеш, да се средиш, што не ти треба помош од никој, па дури и се чувствуваш како да си изолирана од луѓето околу тебе. Но, напротив, не си изолирана, туку знаеш како сама да се справиш со своите проблеми.

  1. Сфаќаш дека за некои проблеми е до тебе

Знаеш дека имаш проблеми, пробуваш да ги надминеш, но ти е јасно дека не ти се другите криви и дека некои работи треба да ги расчистиш со себе, пред да продолжиш понатаму. Тоа ќе биде проследено со промени во расположение и одредена збунетост, но кога ќе успееш да ги надминеш, сè ќе биде топ.

  1. Имаш нагон да чистиш непотребни луѓе

И тоа е нормално. На секој му доаѓа преку глава од премногу луѓе, а во текот на созревањето е очекувано да ги задржиш само оние кои вистински ти значат и да не губиш време со оние кои ти ја пијат енергијата со цевче, ама од пристојност уште комуницираш.

  1. Потешко ти е да веруваш некому

Скептичноста доаѓа со зрелоста. Кога сме млади имаме огромна тенденција да бидеме наивни и по малку смотани и толерираме секакви глупости. Но, зрелите личности не се должни да толерираат ништо што не им се допаѓа, ги нервира или им троши многу енергија.

  1. Некогаш се чувствуваш осамено

Постојат моменти кога си сама со себе и со својот внатрешен глас. Некогаш ти пречеше ова чувство на осаменост, но сега знаеш да го цениш и да го преориентираш кон конструктивен напредок за самата себе. Исто така, сигурно ти е подобро без туѓа драма.

  1. Ти се чини дека немаш време за ништо

Постојано брзаш, постојано имаш уште нешто да завршиш и на крај на ден сè е средено „цакум пакум“. Колку и да ти се чини дека ти треба уште некој саат плус на тие 24 во денот, сфаќаш дека всушност поважно е да знаеш да си ги средиш приоритетите отколку да им удоволиш на сите наеднаш.

  1. Свесна си за грешките во минатото

Ова е можеби најголемиот знак дека созреваш и си спремна да се соочиш со иднината. Минатото е дел од секој од нас и нормално е да сме направиле грешки кои помалку или повеќе влијаеле на животот кој го имаме сега. Зрелите и изградени жени никого не обвинуваат за своите пропусти, туку учат од она што го згрешиле и го користат за да бидат уште појаки.

  1. Неизвесноста те збунува

Иднината е неизвесна, но ако веќе си порасната точно знаеш дека не можеш да ја испланираш прецизно. Да бидеш збунета е нормално, да се плашиш од иднината е детинесто. Твое е да направиш сè за таа да биде што подобра, но и да прифатиш дека многу надворешни фактори можат да влијаат врз тоа каква ќе излезе на крај.

сакај се себе