Минатата година новинарката од Њујорк тајмс, Рукмини Калимачи, направи интервју со тогаш најопасниот терорист во светот, а се облече како да е најнормално и најсекојдневно интервју.
Таа замина во Таџикистан за да се најде лице во лице со осуденикот Хусеин Абдусмадов, што беше историски момент првпат некој од Њујорк тајмс да оди во Таџикистан. Хусеин беше дел од ИСИС и осуден за убиство на двајца американски велосипедисти.
„Знаев дека морам да облечам нешто специфично, да ја стекнам неговата доверба за да може да ми ги одговори прашањата кои ги имав. Затоа, не смеев да покажам непочит“, изјавила таа своевремено.
За интервјуто облекла обични фармерки, црни чизми и морско-сина туника, дизајн на Ен Тејлор. Калимачи објаснува дека дури и во вакви услови е добро да се задржи женствениот изглед, да биде сето тоа искомбинирано со вкус, да не изгледа снобовски и детаљот на кој обрнала најмногу внимание, да биде што попокриена, затоа што луѓето како Хусеин не се навикнати да гледаат откриени жени.
Сепак, Калимачи мислела и на други аспекти. Во места каде се опасни, таа никогаш не носи светли бои и верува дека поради безбедност, треба да се носат бои кои на некој начин постојат во природата и се претопуваат со неа. А за туниката од Ен Тејлор, толку ѝ се допаднала што по интервјуто си купила уште една таква.
„Работам и разговарам со екстремисти. Не треба да бидат деконцентрирани од фактот дека зборуваат со жена. Верувам дека туниката го заврши својот дел“, изјавила таа веднаш по објавувањето на интервјуто.