Целулитот е одвратен деформитет во вид на штетни материи и масни наслаги кои се формираат во слојот под кожата. Иако се создава под кожата, се гледа и на површината. И изгледа сериозно лошо кога ќе прекрстиме нога, што е резултат на неправилно распоредени масни наслаги под кожата. Целулитот најчесто се јавува на бутовите, задникот, долниот дел на грбот и стомакот. Инаку постојат неколку видови на целулит.
- Фиброзен целулит – тврд на допир, боли, видлив дури и без допирање на кожата.
- Масен целулит – мек на допир, видлив само кога кожата е приклештена, не боли, во повеќето случаи се јавува поради лоша исхрана и недостаток на физичка активност.
- Воден целулит – мек на допир, видлив дури и без допирање на кожата, во повеќето случаи се јавува како резултат на премногу седење, проблеми со циркулацијата и задржување на водата во телото.
Како што целулитот не се појавува преку ноќ, така не може да исчезне толку брзо. Дајте му време, а до тогаш почнете со менување на животните навики.
- Пијте доволно вода – најмалку 2 литри на ден.
- Хранете се здраво – исклучете ги слатките, брзата храна, газираните сокови и шеќерот.
- Кажете му НЕ на тутунот.
- Намалете го внесот на алкохол.
- Шетајте секој ден.
- Тренирајте најмалку два пати неделно.
- Носете удобна облека.
- Туширајте се со ладна вода – обидете се да се туширате со ладна вода најмалку минута или две, бидејќи така ќе ја подобрите циркулацијата.
Можете да одите на оние скапи третмани кои агресивно ќе настапат и веројатно брзо ќе го снема видливиот целулит но тоа е само привремено и површински. Целулитот ќе се врати исто толку брзо бидејќи не ги менувате навиките на живот. Подобро од брзите и агресивни третмани е да комбинирате здрав начин на живот за да спречите ново појавување на целулитот, а истовремено да го тргнете веќе постоечкиот.
Еден од најдобрите препарати кај нас е балсамот со екстракт од бршлен кој треба да го масирате нежно секоја вечер додека не се упие. Од него ќе имате видлив ефект. Можете да си го нарачате веднаш од Митра, ќе ви го донесат дома.
Дополнително можете да купите сапун за пилинг со антицелулиден ефект и крема. Моја препорака ви е кремата за затегнување и обликување со екстракт од спирулина. И запомнете дека сè што гледате на вашето тело е реакција на она што се случува внатре во него. Грижете се за вашето тело и сакајте го и тоа ќе ви го врати најдоброто што може.