Многу повеќе од колку е саат

И така ќе доцнам

Апсолутно никогаш не носам часовник, никогаш никаде не стигнувам на време ама не е сега тоа тема. Пресреќна бев кога открив на телефонот дека можам да си мерам стрес, сатурација и пулс па така се забавував со години додека не го видов смарт часовникот на другарка ми. Нејзе и е највеќе за трчање ама ако го скокнеме тој дел бидејќи сите знаеме дека јас сум повеќе по лежењето, открив дека има добри опции од кои најпривлечната ми беше дека ми мери пулс, стрес и квалитет на спиење, што ми фалеше на телефонот. Решив да си купам, разгледав неколку вида, сакав да е модерен, да можам да го комбинирам со алки и да не е голем. И да не е округол, тие не ми се свиѓаат. Секако и да не е многу скап бидејќи некако мислев дека ќе го поносам една недела и ќе го зашуткам негде па ќе го најдам догодина случајно. Се одлучив за Huawei watch fit. Ме привлече делот на рекламата каде има персонален тренер што вежба со тебе, да не морам да бројам до 20 или да стискам штоперица кога вежбам дома, бидејќи немам отидено во сала неколку месеци. Го земав, го наполнив, се полни неколку минути и трае десетина дена батеријата, одлично.

Прво што направив си барав како да ми светка, па одбрав една позадина мислиш ко да сум пилот, секакви податоци на неа. После видов дека можеш да си спушташ и многу други, сега имам една розева со некој цвет.

После позадината нормално ја симнав апликацијата на телефонот и ги поврзав. И почнав да си местам да ми мери пулс цело време, сатурација само јас кога сакам, чекори и све тоа што го правев на телефон држејќи го прстот на сензорот, но заврши тоа време сега влегов во новата ера.

Го барав човечето што вежба, па најдов дека имам светло, музика, штоперица, временска прогноза, аларм…добар дел од апликациите кои ги користам на телефон. И го најдов човечето што вежба, фитнес, аеробик, јога, трча, вежба на орбитрек, покажува вежби за стомак, за раце, за нозе…многу вежба.

Така после неколку дена носење можев да видам и јас колку сум активна во континуитет, да речеме има денови кога сум за на олимпијада, а има денови кога како да ви кажам…

Мерејќи стрес во текот на денот имам податок во секое време дали сум се потресувала или не па така имам податоци дека некои денови ми се има скратено животот од стресови, а некои сум си регулар зен како и обично. Деновите кога сум под стрес, проверив, ми се поврзани со мајсторите што ми го реновираат станот, да не збориме за тоа сега, да не го прегорам тоа за мерење стрес.

Делот за мерење на квалитет на сон ми е омилен. Мери кога заспиваш, колку време спиеш, колку време си во длабок сон, РЕМ фаза или лесно спиеш, колку пати стануваш во текот на ноќта и слично.  Знае некад да ми пишува нешто од типот касно заспиваш ама ок, го игнорирам.

 

Пулсот го мери континуирано, така во секоја минута знам колку ми бил.

Супер е и тоа што веќе не морам телефонот да го држам на маса кога сум излезена или дома да е цело време околу мене бидејќи пораките, мејловите и сите нотификации ги добивам на часовникот.

 

Часовникот е се освен обичен часовник и изгледа вака, но се пали на мрдање на раката па можете да следите се што се случува  во секое време. Еве го имам веќе неколку недели и не сум го извадила. И го комбинирам со алки и супер ми стои. Што ми е исто битно.

 

 

 

HuaweiHuawei Watch Fitвежбањепулсспиењестресчасовник