И одбивањето е океј

Ако знаеш како да се справиш

Да бидеме реални, ако бидеме одбиени, без разлика дали е тоа на оглас за работа, од пријател, од личност која ни се допаѓа или од кој и да е, а сме побарале помош или услуга, најпрво се чувствуваме ниско и безвредно и тоа расположение продолжува да држи уште некое време.

Но, одбивањата се дел од животот и со нив треба да научиме како да се справиме, за да не ни ја нарушат самодовербата и сите останати вештини за снаоѓање и преживување кои сме ги изградиле со текот на годините. Па, да ви кажам дека ако се соочувате и со најбанална ситуација во која сте одбиени, не смеете да заборавите дека:

  1. Болката во одбивањето не лежи во она „не“ кое ви било кажано, туку во претераното мислење и одновото повторување на разговорот во вашата глава, оптоварувајќи го мозокот со мисли како можевте да постапите, а да добиете позитивен одговор.
  2. Одбивањето не е потврда дека немате талент, знаење или вештини. Тоа е мислење на оној кој ве одбил. А на вас е да не дозволите нечие туѓо мислење да стане ваша реалност.
  3. Некои работи е добро да останат такви какви што се. Вие не треба да губите време обидувајќи се да „затворите“ нешто што треба да остане уништено.
  4. Вашата вредност не ја одредуваат луѓе со кои не сте компатибилни.
  5. Секогаш постои некоја подобра опција од онаа за која првично се боревте. Секој од нас вреди многу повеќе од тоа едно одбивање кое во моментов ве фрустрира.

Наместо да го трошите своето време во преиспитување на себе, подобро е веќе да не погледнувате кон таа затворена врата и да се обидете што побргу да го надминете сето тоа. Само на тој начин ќе живеете со реалноста дека вашата вредност ја дефинираат оние луѓе кои знаат да ве ценат.

#СакајСеСебеодбивањесакај се себе