Денес изберете се себе пред сè друго

И продолжете така секој ден

Денес не морате да мислите на никој друг веднаш штом ќе се разбудите. Време е да посветите внимание на она што треба да го направите за себе.

Значи, без чекање пораки, без чекање повици, без чекање никого. Секогаш ќе остане време за оние кои вредат да бидете тука за нив, а и ќе ве разберат ако не можете да им посветите доволно внимание бидејќи работите на себе. Никој и никако не треба да влијае врз тоа што ќе одлучите за себе, бидејќи вашиот ден зависи само од вас, вашата недела исто, месецот, годината, целиот живот.

Денес е одличен ден да си бидете приоритет себе, да престанете да правите нелогични жртви во име на љубовта, другите членови од семејството, пријателите, работата. За секого има време. Се знае на што најмногу треба да посветите внимание, а што може да почека.

Денес е денот кога се избирате себе, кога се ставате пред сè останато. Можеби е тешко и можеби нема да успеете од прва. Ама, знаете што? И утре е добар ден да се обидете. И задутре. Бидејќи шансите заминуваат, а вие не сте на овој свет за да ги гледате како поминуваат покрај вас, без ништо да направите.

Борбата за себе може да биде тешка и често нехумана, но вреди да ја започнете, бидејќи на тој начин ќе бидете сигурни дека сте вложиле сè што е во вашата моќ и доколку нешто не успее, само ќе го одминете и ќе се посветите на следното.

Ова важи за сите. И за луѓе и за врски и за шанси за напредок, па дури и за купување нешто ново од продавница. Шансите се твои и ако ги пропуштиш, никој нема да ти рече фала. Уште поверојатно е дека ќе ти рече дека не си направила доволно.

Затоа, прво ти, после другите. И нема сакам-нејќам. Мора. Поубаво е.

сакај се себе