Да излезете одма од психички насилна врска

Нема оправање, не се лажи

Нема физичко насилство, а сепак се чувствувате исцедено, несреќно, празно и под константен стрес нешто да не згрешите? Имам една лоша вест за вас. Насилството може да се направи и емотивно и ментално. Да се ​​биде во ментално насилна врска може да биде збунувачка и емотивно неподнослива точка во животот. Понекогаш, на некои луѓе им е тешко да ги сфатат знаците, емотивната и менталната злоупотреба може да ве остави слепи, може да биде тешко да се забележат знаците.

Расположението на вашиот партнер ви го расипува денот. Ако имате партнер кој вашите весели и среќни моменти знае да ги претвори во кавга или во константи забелешки околу сé, тогаш нешто не е во ред. Може дури и толку потсвесно да ви влијае ова што следниот пат ќе се пресечете сами да покажете колку сте расположени само да го избегнете моментот на мрчење на вечно нерасположениот партнер. И така се раѓа анксиозноста.

Комплетно необјасниво и несвојствено за вас, избегнувањето на пријателите и семејството ќе стане избор што сметате дека треба да го направите. Дистанцата ги спречува вашите блиски да забележат нешто различно во вашето секојдневно однесување, бидејќи дури и ако не знаете, знаците дека сте под влијание на психички насилник може да се покажат низ целото лице и говорот на телото. Едноставно венеете.

Кој е во право, а кој греши? Па, не е важно – во секој случај вашиот партнер не греши и вие сте под опсесивно обвинување за сé. Ментално е штетно кога некој покажува со прст кон вас, а никогаш кон себе. Ако видите дека овој знак се појавува, обрнете големо внимание.

Партнерот ве познава добро, посебно партнер кој е свесен дека може да манипулира. Тие знаат дека не можете да поминете одредено време без нивната љубов, присуство или внимание. За да ве мачат додека го добијат тоа што го сакаат или едноставно да покажат супериорност, тие почнуваат со играта топло-ладно, ама повеќе накај ладно. Ова може да ве полуди ментално, бидејќи тие имаат голема контрола врз вашата емоционална слаба точка.

Наместо да бидат среќни со вас, тие ќе бараат различни начини да ве срушат ментално и ќе почнат разговори со повишен тон и кратки реченици. Оваа тактика се користи за да се скрши вашата самодоверба. Ова едноставно се нарекува вербална злоупотреба и ќе направи одредена штета на вашите емоции и ментална контрола.

Заплашувањето и заканувањето се знаци на кои веднаш треба си одите од таа врска. Партнерот не ве гледа како еднакви. Наместо тоа, тие сакаат да ве контролираат ментално така што прават да изгледаат поголеми и помоќни во споредба со вас. Веќе не вреди никаков труд, ова е точка од која нема враќање.

Да се ​​биде љубоморен е прилично нормална особина кога се гледате со некого. Сепак, постојат линии што треба да се повлечат кога станува збор љубомората. Љубомората може да доведе до многу тешки битки – со кои не сакате да се справите. Може да престанете да разговарате со пријатели кои ги знаете подолго од вашиот партнер, може да ви влијае на секојдневниот живот. Понекогаш ќе избегнувате одредени битни активности само за да ја избегнете реакцијата на вашиот партнер.

Ако партнерот е неверен, навистина може да ве урне емотивно. Ако еднаш го фатите во неверство и почне да ве убедува дека никогаш нема да се повтори, а вие сепак приметувате знаци на неверното однесување, па реши да ве убеди дека сте параноични, бегајте од таму.

 

заканувањеизбегнувањеизневерувањељубомораобвинувањепсихичко насилствотопло ладно