Артовски активизам со конци

Black Lives Matter

Симон Сондерс доаѓа од Алберта, а по повод движењето „Black Lives Matter“ таа везе вистински уметнички дела, што наликуваат на гоблени, но овојпат прикажуваат важни историски личности со афро-американско потекло.

Со помош на овие разнобојни конци таа создава портрети, кои пренесуваат важна порака против дискриминацијата врз основа на боја на кожа и раса. Сондерс преку својот талент се обидува да ги исправи социјалните неправди кои им се нанесени на темнокожите луѓе, кои се уметници, лидери, политичари, спортисти, влијателни со својата работа.

Секој од нив има мисија и порака која ја пренесува со она што го работи, како и самата Симон, која она што има да го каже, го кажува преку своите маестрални навезени уметнички дела.

Black Lives MatterSimone Saundersконциуметност