Малку повисоко од високото ниво на арт
Кога ги гледаш сликите на Monica Rohan добиваш впечаток дека тие се живи, дека фигурите дишат, се движат, мрдаат, па дури и се обидуваат да ти раскажат некоја приказна.
Секоја слика има главен лик и прекрасна околина која го опкружува. Инспирација наоѓа во книгите кои ги чита и ужива кога фикцијата ја преточува во своите дела. Со помош на форми, фигури, бои и текстури таа креира неповторливи дела кои се во совршен баланс иако изобилуваат со детали.
Читајќи, таа наоѓа начин ликовите кои ѝ се допаѓаат да ги интерпретира преку својот уметнички стил, а се инспирира и од дел од своите омилени фотографи. Нивните дела, ликовите од книгите и нејзиниот талент за комбинирање на детали резултираат со необично совршени дела.