Се будиш од попладневна дремка и не знаеш кај си, кој ден е, дали е ден или ноќ, дал имаш сестра или дечко….ок, дечко сигурно немаш..

Уште емотивни садисти фалеа

Луѓе со кои не се дружиме

Во ерата на модерното запознавање, кога веќе ништо не е свето, за жал, ќе можете да видите секакви луѓе. Има толку многу флертаџии, социопати и психопати, но еден вид е доста популарен во денешно време – тие се нарекуваат емотивни садисти.  Ако сте имале среќа да не излезете со ваков партнер, само сакам да ви кажам дека тие се крајно опасни и доколку некогаш видите знак кој ве потсетува на ова, треба да трчате најбрзо што можете.

Ваков човек не изгледа поинаку од добрите момци или девојки. Всушност, кога ќе го видите на почетокот би се заколнале дека тој е само добар и дека не може да ви наштети. Но, вие сте далеку од вистината бидејќи таков човек е само маскиран манипулативен идиот, кој се обидува да ја фати совршената жртва за да направи совршено злосторство. Во овој случај, тој користи секакви различни техники за да ја манипулира, запали или омаловажи својата жртва и притоа да преземе целосна контрола над неа. Еве некои од најчестите знаци на емоционален садист:

Тој продолжува да ве повредува дури и ако му кажете да престане

Еден од најважните знаци дека излегувате со емотивен садист е дека тој не слуша што имате да кажете. Значи, ако му кажете дека одредено негово однесување прави да се чувствувате непријатно, а тој сепак продолжи да го прави тоа, тоа е знак на непочитување и недостаток на љубов. Очигледно е дека таков тип не ве сака доволно за да се промени себеси за да ве направи среќни. Тој секогаш ќе ги користи своите болни умствени игри за да ве контролира и да ве натера да се чувствувате лошо за себе.

Тој се грижи за вас само кога ве нема

Дали некогаш сте имале ситуација кога некој ве земал здраво за готово цело време додека сте биле во врска со него и единствениот пат кога тој навистина покажал љубов и почит бил кога вие всушност сте заминале? Ако ова ви е познато, тоа значи дека сте се забавувале со емотивен садист кој се грижел за вас само штом ќе види дека ќе го оставите. Тоа значело дека тој повеќе нема да има кого да контролира и бил лут поради тоа.

Флертува со други

Ваков тип не се срами да флертне со било кој што ќе му се приближи, без разлика дали сте таму или не. Или да си пишува порачиња со други додека е со вас.  Ако навистина ве почитува, не би го направил тоа, но бидејќи не е толку заинтересиран за вас како личност (освен бесплатниот секс и вашата помош во секојдневниот живот) ќе го направи тоа без да чувствува каење. Она што треба да го знаете е дека заслужувате многу повеќе отколку што тој може да ви даде и би било паметно да го оставите. Само на тој начин ќе можете да најдете некој кој навистина ве заслужува.

Тој прави да се чувствувате дека не сте доволно добри за него

Ако постојано чувствувате дека не сте доволно добри за него, дури и ако вашата самодоверба е на високо ниво, тоа значи дека имате работа со емотивен садист кој ќе направи се за да ве расплаче и да се сомневате во вашиот здрав разум. Гаслајтинг метод. Тој е тип на маж кој ќе ве убеди дека сте луди и кој ќе ве третира како ѓубре. Ќе направи да се чувствувате како да сте несаканиот и никогаш нема да признае дека тој е тој што го има проблемот, а не вие.

Добро се однесува кон вас само кога нешто му треба

Ваков тип знае многу добро да игра секакви умствени игри. Тој е подготвен да помине преку многу работи за вас, ако тоа би значело дека ќе добие нешто за возврат. Затоа, кога ќе го видите целиот сладок и убав, не се надевајте дека тој штотуку се разбудил и почнал лудо да ве сака. Голема е веројатноста дека му треба вашата помош за нешто и штом ќе го добие она што го сака, ќе ве остави како да не остава ништо.

Тој не ве сака

Само емотивен садист би бил со некој што не го сака за да го добие она што го сака. Тој не е тип кој би направил се за да ве направи среќни и има глупи оправдувања за неговото лошо однесување. Реално, кога сте во романтична врска со некого, нема намерно да ја повредите таа личност. И ако ја повредите, ќе речете дека ви е жал и ќе си ги надомести геревовите. Но, емотивен садист е оној кој никогаш не вели дека му е жал и секогаш се обидува да најде одвратни изговори за неговото гадно однесување. Ваков маж никогаш нема да направи нешто што ќе ве натера да се чувствувате подобро и ќе ве остава во солзи секогаш кога двајцата ќе се карате. Работата е во тоа што тој не е заинтересиран да направи да се чувствувате подобро или да ви помогне на кој било начин.

Видите ли дека си имате работа со емотивен садист, соберете се и одете си. Секоја минута помината со вакви луѓе е губење време.