Се вика пешачки пошо треба да поминат пешаците, да требаше вие да поминете шо не застанувате ќе се викаше сељачки!

Парите зборуваат, богатството шепоти

Тивок луксуз за вистински стил

Концептот на „тивок луксуз“ добива на популарност во последно време, а се однесува едноставно на луксуз кој не е агресивен и не вришти „види ме, имам пари“. Краткотрајните лого трендови се понекогаш многу напорни, тивкиот луксуз се однесува на квалитетната изработка, безвременски модели и ја праќа пораката „ако се разбираш, ќе разбереш“

„Гласен луксуз“ е видлив во најелитните светски луксузни модни куќи, како што се Louis Vuitton, Gucci и Balenciaga и акцентот е на покажување на својот бренд. (Се сеќавате на Кајли Џенер како се пофали со својата количка со монограм Фенди на Инстаграм? Тоа е гласен луксуз, врескање лого, етикета и бренд). Од друга страна, го имате основачот на Фејсбук, милијардерот Марк Цукерберг, кој секогаш е облечен во иста основна маица и лежерен тексас. Неговиот вкус за мода е критикуван затоа што не го одразува неговиот статус и богатство, но она што многумина не го знаат е дека многу од неговите маици се направени по нарачка од Брунело Кучинели и се продаваат на мало за околу 400 долари. Има и многу други брендови кои претпочитаат да шепотат луксуз, како што се Loro Piana, Valextra, Delvaux, Kiton и Brioni.

Иако овој термин главно се однесува на модата, не можеме да негираме дека модната индустрија често била барометар за многу општествени и економски промени. „Тивкиот луксуз“ не се однесува само на цените на дизајнерите од висока класа, туку одразува поширока перспектива и промена кон повнимателни навики за купување, давајќи приоритет на квалитетот пред квантитетот и правејќи долгорочни инвестиции. Тивкиот луксуз би можел да се опише како став кој ја знае вредноста на нешто и го препознава неговиот квалитет и финес, кои можеби не се прикажани на прв поглед. Ако навлеземе подлабоко тоа дури може да се однесува на нешто што го имаш во себе, на твоето единствено чувство за себе. Можеш ли сè уште да го имаш со длабоко почитување, без да бараш потврда од оние околу тебе? Можеш ли сè уште да се почитуваш, да бидеш смирен со себе и да се цениш без да гледаш преку рамениците за да видиш кој се согласува? Можеш ли да се почитуваш себеси толку длабоко што одобрувањето однадвор е на второ место по вашето мислење? Гласниот луксуз е поврзан повеќе со покажувањето и неретко убедувањето на луѓето околу дека имате пари. Оние кои се облечени од глава до пети во различни брендови просто ве молат да им потврдите дека сте убедени дека се богати што е одраз на потреба за валидизација и несигурност. На страна тоа што личат на тезга на шанери. Тој тренд кој го гледаме последните години на „нови пари“ луѓе, старлети и инфлуенсери низ светот е најчесто краткотраен и преценет. Луѓето кои навистина имаат богатство или познати како „стари пари“, термин кој се користи за аристократијата на едно време, наследници, семејства со благородничка историја, луѓе кои водат компании кои траат неколку генерации, тие претпочитаат тивок луксуз. Многу внимание на тивкиот луксуз е посветено во серијата Succession. Најчесто се навидум едноставно облечени иако само обетките може да чинат милиони долари. Тивкиот луксуз го препознаваат тие што разбираат луксуз, гласниот луксуз е толку агресивен што најчесто и не е одраз на богатство туку на лажна слика. Новата и тивка форма на луксуз е многу поелегантна и посуптилна, што е и одраз на софистицирани луѓе.