Рачката меѓу две седишта во секое превозно средство на светот припаѓа на моето седиште!

Жените сакаат мажи што ги смеат

Мажите со смисол за хумор се поатрактивни

Секој може да ве расплаче, но само одредени луѓе можат да ве насмеат. Смеата ослободува ендорфин, кој прави да се чувствуваме добро за себе и за другите. Ова добро чувство создава врска помеѓу луѓето и чувство на прифатеност. Златното правило за пријателство вели дека ако ги натерате луѓето да се чувствуваат добро со себе, ќе им се допаднете – а смеата го прави токму тоа.

Смеата е одличен показател дали на жената и се допаѓа некој маж. Жената која се смее на шегите на мажот, па и да се глупи шеги, сигнализира дека и се допаѓа. Всушност, колку повеќе пати жената се смее на шегите на мажот или се придружува кон истите, толку повеќе ѝ се допаѓа. Мажите не го доживуваат истото кога жените ги смеат, но, мажите ги привлекува жена која се смее на нивните шеги.Жените ги сметаат мажите кои ги смеат како поинтелигентни од оние кои не се духовити. Истражувачите шпекулираат дека конструирањето на хумор бара висок степен на интелектуална моќ, особено кога се произведува софистициран хумор, како што се сатира и сарказам. Паровите кои се смеат имаат посреќни долгорочни врски. Смеата ја одржува врската свежа и ја ублажува досадата што понекогаш ја има во долгите врски. Генерално, среќните парови споделуваат повеќе хумористични моменти отколку несреќните парови.

Хуморот може да ја прекине тензијата во тешки ситуации, но избегнувајте да користите хумор за време на стресни или сериозни дискусии за врската. Во такви ситуации, хуморот често се гледа како средство за избегнување сериозна дискусија и може да биде штетен за врските. Хуморот не е прифатен од сите подеднакво. Она што е смешно за еден човек може да не биде смешно за друг. Многупати, она што мислите дека е смешно, не се сфаќа како смешно кога го кажувате гласно, а погрешно разбраниот хумор може брзо да ги убие новите врски. Најбезбедниот хумор е на своја сметка кога не го оцрнува вашиот карактер, туку се фокусира на вашите уникатни однесувања, искуства или погрешни чекори. Откривањето погрешни чекори што не го понижуваат вашиот карактер може да ја зголеми вашата допадливост бидејќи признавањето на малите грешки го хуманизираат тој што ги кажува.

Атрактивните луѓе се сметаат за подопадливи но духовитоста и смисолот за хумор може да ве однесе на повисоко ниво. Работете на тоа да ја развиете вашата способност да ги насмеете другите, затоа што, повторно, луѓето сакаат луѓе кои ги смеат. И секако да бидеме реални, секој може да каже шега, но не секој може да насмее некого.