Секој ден наоѓам време да им кажам на моите најблиски дека ги сакам пошо луѓето треба да знаат на шо се!

Пензионерите од Нарнија

ARTificial intelligence

Jonas Peterson живее во Тексас и има убав уметнички живот. Патува многу, раскажува и во еден момент решава да се бави со фотографија. Иако свадбената фотографија му била на дното од сите предизвици на таа ументност, некако се одлучува да се бави со неа ама не на обичен начин. Веројатно и тој како и ние имал прва асоцијација на свадбена фотка невеста, зет, сватови, некоје цвеќе тука, некои весели фаци, некои не баш… Но, Петерсон решил свадбените фотки да ги прави како приказна од фустанот на закачалка до чевличките, па цвеќето, па некои ептен стилски детали… Но, добро, сеа свадбените фотки не се тема, ама ако сакате да ги видите еве ги.

Петерсон почнува да се занимава и со дигитална уметност за на крај да заврши со еден многу интересен експеримент со помош на вештачка интелигенција. Како што вели самиот уметник во оваа уметност внесуваш човечки ум и вештачки ум и гледаш што ќе излезе. По насоки на уметникот и со помош на вештачката интелигенција прави неколку ликови, а потоа со апликации ги завршува финесите. Измислените ликови ги сместува во измислен свет, како Нарнија, и во тој свет нема ејџизам. Сака да им се заблагодари на сите стари лица полни со искуство и мудрост кои општеството ги маргинализира и ги гледа како стари ликови за чување внуци. Ги прикажува како многу модерни ликови кои уживаат во убавото стареење. Сликиве се лудило, не можев да одберам неколку, ви стаив све што ми се свиѓаше.