Градовите полека почнуваат да се китат натпреварувајќи се меѓу себе кој покреативно ќе светне. Во некои градови има и божиќни маркети, плоштади и улици наредени со тезги како во некој празничен филм па се продаваат украси, колачиња, лампиони, ракотворби со новогодишен и божиќен мотив. Во некои од деновите имаат и хорови кои пеат божиќни песни ама главно пуштаат музика која е во тој дух. И се е така убаво, луѓе расположени, чувствуваш дека е празник. Од кај нас не ставив слика, сепак ова треба да е весела галерија.
Некои девојки ќе врзат марама на глава и личат на ултра секси пинап грлс. Јас ко ќе врзам марама на глава личам ко да ќе бришам прозори.