Има така некои песни у првите три секунди сфаќаш дека се срање. Исто така и со некои луѓе.

Измодерени со бела маичка

Ако нешто е сигурно, тоа е дека еднобојните парчиња облека многу лесно се комбинираат со друга облека и модни додатоци. Едно од најпотценетите парчиња е најобичната бела маичка, која можете да ја носите во милион комбинации, од секојдневни, до елегантни.

Од друга страна, ваквата маичка е многу практична, ама не е препорачлива за оние што цело време се потураат со кафе и храна, така што ако сте од тие, ќе си најдете нешто друго за да бидете измодерени.

Модели исто така има безброј, од припиени до тело, со широки ракави, на прерамки, полежерни, памучни, со чипка, со бисери, па дури и некоја фина апликација на предниот дел. Исто, можете да ја носите со шорцеви, со здолниште, класични панталони или со фармерки.

Ако уште не сте уверени дека навистина е топ парче облека, фотографииве ќе ве убедат дека е така.