Кај шо промашуе кармата поминуем ја со усисивачот, сакам да сум темелна!

Промените плашат

Ама се убави

Луѓе ко луѓе, си тераме по стара навика, па ако дојде момент да треба нешто ново да направиме, мислиме дека не знаеме како. Точно, клучниот збор е „мислиме“. Затоа што, секој од нас може сè само ако собере доволно храброст да направи промена.

Во животот менуваме работа, менуваме партнер, се губат долгогодишни пријателства, треба да се преселиме во друг стан, друга населба, друг град, па и на друг континент. Промената звучи застрашувачки, напуштање на комфорната зона и соочување со стравовите и несигурноста. Единствен начин да се избориме со промените е да ги прифатиме со раширени раце.

А знаете што е уште убаво кај промените? По некое време некои нешта од минатото автоматски ќе се избришат, бидејќи ретко што ќе ве потсетува на нив, а и секако, потребно е да се направи простор за новите нешта. Не гледајте на тоа како на тешка задача, туку како подарок, како шанса да бидете уште подобри.

За да успее промената, треба да се промените и вие. Некогаш тоа ќе биде да ставите повеќе шминка, да испочитувате одреден дрес-код, но во поголем број случаи се работи за ментална адаптација на новата ситуација. Некогаш ќе бидете носталгични по она што сте го имале и тоа е скроз нормално. Но, гледајте на тоа како промената ви отвори нови перспективи, ви внесе нови луѓе во животот, ви отвори нови врати и ве мотивираше да се промените на подобро.

Може во прв момент ќе се почувствувате немоќно, но кога ќе се обновите и трансформирате, како и кога ќе се прилагодите на новата ситуација, ќе сфатите дека сето тоа било за подобро и дека промената, всушност била благослов за вас.