Јас кога покажувам чувства станува така бурно и на крај увек некој пати. Ок увек јас патам, ама стаив ова “некој” ради драматичност

Во Мосуо владеат жените, озбилно

И имаат пари и љубовници

На југот на Кина близу до границата со Тибет постои племе Мосуо, 40 000 народ, фини луѓе. Во Мосуо си владеат жените веќе 2000 години и све си е супер. Го викаат Кралство на жените и е последниот матријархат на светот.  За разлика од другите делови на Кина каде женското дете нешто слично се дочекува како кај нас во благодаревскиот крај „ај па второто машко“, овде женско да се роди е пожелно.  Во Кралството на жените има и мажи ама тие не мораат да работат, освен ако сакаат, па може нешто да ловат риба или да одгледуваат добиток. Тие немаат имот, немаат работа, живеат кај мајка им и навечер треба да се дотераат, да одат кај жената што го бендисала дента и да поседат слободно до сабајле.

Жените може да имаат колку сакаат љубовници, нема врски, маж, јас сум татко на детето, ќе одам на службен пат не ме барај, не ми ѕвони коа сум у кафана со другарите, ти реков да ми кажеш кога ќе излезеш со сестра ти, нема што да работиш ти кај некој таму да те гледа, дома ќе седиш…нема тоа ништо, ако имаат дете си го носи презимето на мајка му и го расте фамилијата на мајката. Кога ќе реши жената да го олади љубовникот нема тука скандали, кавги, па ќе ти пуштам слики на ФБ, ти ваква таква, ти ли мене ќе ме оставаш ма, ќе те запалам ко контејнер…нема расправии, нема разводи, дечкото ќе си ги земе чевличињата и  ќе си оди кај мајка му и тоа е. Во Мосуо брак не практикуваат. И никому не му е чудно тоа. За разлика од Благодарево.  Кога девојчињата ќе наполнат 13 години добиваат своја куќичка и почнува нивниот живот како независни жени.

Во Мосуо си живеат хармонично, не го разбираат тоа дека жената во некои краеви припаѓа на мажот, дека во одредени култури децата се продаваат на мажите за брак, во некои пак места дури ги посипуваат со киселина ако ги одбијат за брак и слично. Овие овде најлабаво на свет, сабајле си работиш, вечер уживкаш, ако ти праи ќеиф некој ок, ако не, не му се јавуваш више…

Долго време живееле во изолација, сега почнуваат да се отвараат па ќе видиме како ќе се однесуваат понатака. Може ќе фати некој да им заобјасни дека жената е за дома да седи, да чисти да готви и да раѓа, не знам, ќе видиме.