Колешката е на пауза – стара администрациска

Главната инфлуенсерка

Бети беше инфлуенсерка уште пред да биде кул

Елизабета I е првата инфлуенсерка во модата. Владеела околу 45 години, период што бил обележан со зголемување на англиската моќ и влијание. Нејзиниот моден стил ја одбележува модата во втората половина на 16ти век. Почнува да ја носи онаа позната голема крагна како симбол на моќен женски владетел. Била екстремно моќна и многу паметна, но за да ја потенцира моќта и нејзината позиција на кралица носела многу накит и фустани украсени со скапи парчиња уникатен накит.  Дворјаните го копирале нејзиниот стил и набрзо трендот се раширил. Сите вешти мајстори за текстил и накит се труделе да дојдат до неа и да и понудат нивна изработка, додека таа често знаела да ги наградува своите дами за нивната посветеност со своите фустани.

 

Елизабета I е позната по тоа што носела многу шминка. Се претпоставува дека како последица од сипаници и останале лузни па со смеса од бело олово и оцет правела подлога за шминка која ја ставала на лицето. Со тек на времето оловото почнало да ја труе. До денешен ден има најпрепознатлив изглед од сите монарси во историјата.