Бронхитисов така јако ме стега за гради шо може да ми стане дечко за озбилно

Шопинг после карантин

И тогаш ќе треба пазење

Пред два месеца мислевме дека едвај ќе го дочекаме денот кога ќе се отворат повторно трговските центри и сите ќе се стрчаме, ќе пробуваме и ќе купиме нешто ново, па со кесите ќе седнеме на кафе или на ручек.

Некои дуќани работеа со скратено време, некои затворија уште од првиот ден, но и реално, не дека на сите ни беше до шопинг, посебно кога сфативме дека сè можеме да си купиме онлајн.

Секако, сосема е нормално да се прашувате ќе можете ли наскоро пак да си купувате облека и козметика како нормални луѓе? Она што е сигурно е дека уште некој период ќе се носат маски, ќе се дезинфицирате на влез во продавница и ќе треба да одржувате физичка и социјална дистанца, во секој случај.

Продавниците ќе пуштаат еден по еден или двајца по двајца, за да можат да ги услужат муштериите. Времето на задржување се очекува да биде ограничено. Ќе се дезинфицира цело време, дури и повеќе од вообичаено (ако воопшто се дезинфицирало некогаш). Пробаната облека или ќе се собира во посебен куп и ќе се изолира, па дезинфицира пред да се врати на закачалка, или ќе се дозволува да се земе дома и ако не е точна да се врати во продавницата.

Покрај редовните продавачи, очекувано е да има и редари кои ќе обрнат внимание дали купувачите ги почитуваат мерките на претпазливост кои секоја продавница ги има воспоставено, следејќи ги препораките на СЗО и центрите за јавно здравје.

Мора ли уште маска?

Кај што нема услови за дистанца, мора маска. За секој случај. За да се заштитите ако некој кивне, се накашла, но и да заштитите други од вашето кивање и кашлање. Маските не се 100% ефикасни, но се доволно за ако двајца кои се најдат блиску еден до друг, да ги сведат шансите за зараза на минимум.

Што уште ќе се смени?

Признавале ние или не, пандемијава нè смени пред сè нас како луѓе. Веќе повеќе почитуваме личен простор, и свој и туѓ. Научивме дека поздравување со раце и непотребно бацување и не е баш учтиво. Луѓето и понатаму ќе бидат повеќе претпазливи што допираат, дали со нечисти раце се фаќаат по лице и тријат очи и дали ги измиле рацете пред да направат што и да е со нив. Ќе ни треба време, ама ќе нè биде.