Јас не знам да чистам????? Ај провери си ја картичката

Црно е засекогаш во мода

Засекогаш

Според многу податоци, црната боја е најпопуларна кога се работи за боја на автомобил или облека, во одредени случаи и за уредување дома. Сигурно и вие имате црн фустан, црн костум, црни класични штикли или чевли, маички, фармерки, барем едно парче.

Оваа боја ја носат оние кои сакаат да постигнат класичен и безвременски изглед, за што и да е. Од друга страна, црна облека носат и луѓето кои се во жалост, генерално во секоја култура и традиција. Во помали култури означува и среќа и обновување.

Симболиката исто така е интересна, бидејќи означува и моќ, контрола, успех, сила, но и мистерија, тишина, потсвесност, рафинираност, зло и смрт. Кој како ја доживува.

Од спиритуален аспект, се работи за боја која ги апсорбира сите други бои од спектарот. Нели, ви текнува, белата ги рефлектира. Но, ако не постојат другите бои, нема да има ни црна, ни бела.

Црната боја означува авторитет, бидејќи често е најприфатлив избор за формални околности. Во многу држави е и соодветен избор во пригоди кога некој жали поради смрт на блиска личност.

Но, ова не ја намалува моќната симболика, самодовербата и стилот. Секако, ниедна женска гардероба не е комплетна без црн фустан, кој означува елеганција и сензуалност, но во некои исклучителни околности може (но и не мора) да значи субмисивност кон партнерот.