Да повториме, недостатокот на домашно воспитување не ве праи фраери, ве праи сељаци, добро?

Црвени нокти е премиум ниво

Атрактивноста на маникирот

Црвени нокти се класика исто како и црвен кармин и црни салонки. Класика се како краток црн фустан, бисерен ѓердан или златна алка.
Постои теорија дека црвените нокти секогаш се над сите трендови во маникирот и тоа од едноставна причина – изгледаат привлечно и задовдливо. Можени затоа и се многу повеќе од тренд на убавина. Јас би рекла дека можеби се и трик за привлекување и детаљ што ја подобрува самодовербата кај секоја жена.


Теорија на црвените нокти
На почетокот од оваа година, на социјалните мрежи се рашири теорија дека мажите можеби никогаш нема да забележат дали ноктите ви се со сјаен, мат или хромиран финиш, туку дали се црвени или не. Затоа, не се чудете ако наеднаш добиете комплимент кога имате црвен маникир.
Едно од популарните верувања е дека трендот на црвени нокти никогаш не умира. Секогаш црвената боја потсетува на љубов и страст од секаков тип.
Но, има уште нешто што ми дојде навистина интересно.


Во 90тите, жените носеа црвен лак
Логично гледано, денешните мажи во 90тите биле деца. Кога црвениот лак беше во пикот на трендовите, го носеа нивните мајки, тетки, баби, постари сестри, па дури и учителките во школо. Во принцип, ги потсетува на некоја женска личност која во минатото се грижела за нив.
Оваа теорија можеби има основа, а можеби и не. Единствениот факт што останува е дека со црвени нокти никогаш не можете да погрешите.

Еден од попопуларните црвени лакови е од колекцијата на Рита Ора во соработка со Римел Лондон кој се суши за 60 секунди и трае 10 дена. Лакот можете да го нарачате на Митра еве тука