Ова кафичиве шо се научија да ставаат слики од гостите многу заебано за овие шо излагаат со швалерките

Сте слушнале за коронасомнија?

Да, постои

Пандемијава не е готова и очигледно е дека освен зараза со вирусот и сите симптоми и здравствени компликации, донесе и многу други помали или поголеми проблеми кај луѓето. Исто, очекувано е дека промени и многу наши досега познати шеми на однесување, организирање на слободното време, спиењето, исхраната и грижата за себе.

Мозокот е одговорен за секој животен процес во нашето тело, па поради тоа е потребно да го одмориме, за да може повторно да ги активираме сите функции следното утро, нашата способност за учење и памтење, концентрацијата, вниманието и примањето на информациите.

Кога беше карантин, поради намаленото заморување на телото, се променија и потребите од спиењето. Исто и намалените социјални интеракции си го направија своето, па неретко можеме да чуеме или прочитаме дека промените во спиењето како последица на КОВИД се нарекуваат и коронасомнија. Интересна сложена именка, навистина, но состојбата баш и не е.

Може ли да си помогнете некако? Можете да пробате, да, па да видите дали ќе функционира. На пример:

Следете го природниот ритам на телото

Мелатонинот се лачи навечер во поголеми количини и тој е одговорен за да спиете добро и континуирано. Вашето тело природно станува побавно и мозокот се „исклучува“ како последица на овој циклус на мелатонинот. Не се противете на сопствената биологија. Дадете си доволно време да се адаптирате, бидејќи сигурно сè уште останувате до ниедно време гледајќи ТВ, следејќи социјални мрежи или прекувремена работа од дома, што не води до следната точка…

Електронски уреди подалеку од спална

Сигурни сте слушнале и за зраците на сината светлина, кои го нарушуваат природниот циклус на мелатонинот, а зрачат од електронските уреди кои секојдневно ги користиме. Направете дигитален детокс најмалку еден час пред спиење, без Јутјуб, без Твитер и Фејсбук, ниту Инстаграм, ниту телевизија, ништо.

Воспоставете нова рутина

Многу работи се одвиваат онлајн поради коронавирусот, вклучително и работата, образовниот процес, вежбањето, купувањето. Затоа е и доста тешко што помалку да користиме електронски уреди преку ден. Но, за да си помогнете себе, на своето тело и на својот мозок, потребно е да се потрудите повеќе, макар траело тоа и со месеци, да воспоставите една рутина во која ќе успеете да се навикнете дека одреден дел од денот е наменет за легнување и одмор.

Спијте и будете се без стрес

Кога е стресот во прашање, секогаш е полесно да се каже и препорача, отколку да се примени неговото исклучување ноќе. Многумина не можат да си ги смират мислите пред да заспијат и се будат со уште повеќе стрес наутро. Но, вреди да се обидете да го исконтролирате целото ова, да се сконцентрирате на блиските и далечните звуци, да се обидете да воспоставите рамномерно дишење. Стресен почеток на денот резултира со непроспиена ноќ, а она што се случува на хормонално ниво може да биде погубно на долгорочен план и трајно да ви го оштети физичкото здравје.