Ако не тргнам на семафори не мора одма да свирите ко нетачни. Може се шминкам. Не може, сигурно се шминкам

Со принт маргаритки не можеш да промашиш

Флорално така веселко

Летото наближува и иако нема да шетаме којзнае колку, не е лошо да следиме и што има во модните трендови во светот. Како и секое лето, така и ова, цветните дезени се нешто што го очекувавме.

Овојпат, наместо комплицирани цветни декорации и орнаменти, модата е наклонета на нешто многу посекојдневно, цвеќенце што може да го видите во тревникот пред зграда или во паркот, секаде околу вас. Не мора да се сади, расте диво и во голем број насекаде. Се работи за маргаритките или ако сакате камилица или бели ради.

Кога бевме деца најмногу се правеа венчиња од нив, а изгледа уште тогаш ни било јасно колку се убави и декоративни. Можете да ги најдете на модни додатоци, фустани, здолништа, кошули и маички.

Одлично се комбинираат со фармерки, еднобојни панталони, како украси во коса, на чанти, па дури и на обувките.