Откако ќе прележите грип внимавајте на срцето. Истото важи и откако ќе прележите идиот.

Првиот програмер е програмерка

Жени за кои не сте чуле

Ада Лавлејс (1815-1852) била англиска математичарка и писателка, најпозната по своите придонеси во развојот на првите концепти за програмирање. Таа е често нарекувана “прва програмерка” поради својата работа во 1840-тите години на аналитичката машина на Чарлс Бебиџ, ран концепт на рачна рачунарка.

Ада Лавлејс била единствена признена ќерка на лорд Бајрон, познатиот англиски поет, и нејзиниот ран интерес кон математика се развил преку нејзината пријателка и учителка по математика, Мери Сомервил. Мери ја запознала со  Чарлс Бебиџ, кого го посетувале често. Ада Лавлејс била воодушевена од него и заедно со него работела врз развојот на аналитичката машина и го напишала првиот програмски код за неа. Таа забележала дека оваа машина може да ја обработува било која информација што може да се претвори во броеви, вклучувајќи ги и алгоритмите.  Како резултат, таа се смета за прва што го препознава целосниот потенцијал на компјутерската машина и со тоа прв компјутерски програмер.

Ada Lovelace 1852

Работата на Ада Лавлејс имала големо влијание и се смета за револуционерен придонес во областа на компјутерските науки. Нејзиниот труд бил објавен во 1843 година на италијански јазик, што овозможило поголема распространетост на нејзините идеи. За жал, умира на 36 години од карцином на матка. Денес, Ада Лавлејс е почитувана и се смета за важна фигура во историјата на компјутерските науки и програмирањето.

Најдени се шест примероци од првото издание од 1843 на Скица на Аналитички мотор со белешки – Ада Лавлејс. Три се задржани на универзитетот Харвард, еден на Универзитетот во Оклахома и еден на Академијата за воздушни сили на Соединетите држави На 20 јули 2018 година, шестиот примерок беше продаден на аукција на анонимен купувач за 95.000 фунти.