По друг одам мајче, со друг шетам

Не е до мене, до тебе е!

Раатот нема цена

Да се ​​отстрани некој од нашиот живот е тешка одлука. Без разлика дали станува збор за романтичен партнер, член на семејството или пријател, одлуката да исклучите некого од вашиот живот може да ве оптоварува. Речиси никој не би го прекинал контактот со некој близок само по каприц. Но, постојат неколку ситуации кои сами ќе ве донесат до оваа одлука и понекогаш можеме да стигнеме до точка каде што тоа е единственото решение за токсичното однесување на некои луѓе.

Стигнувате до точка на кршење

Да бидеме искрени: не исклучувате некого од вашиот живот ако сте малку изнервирани или ако направиле мала грешка. Не, одлучувањето да исклучите некого од вашиот живот значи достигнување на врвот на непријатност во кој психолошката болка и страдањето од останувањето поврзано со личноста ја надминува наклонетоста и лојалноста што ја чувствувате кон оваа личност. Или просто кажано чувствувате дека поубаво ќе ви е без личноста па колку и да е тешко отколку со неа.

Вие повеќе се цените себеси

Па, голем дел од тоа е учењето да се сакате себеси и навистина да го мислите тоа. Наместо да ги третирате сопствениот раат и потреби како нешто не толку важно, вие ги ставате на прво место. Или што би рекла Саманта „те сакам, ама себе се сакам повеќе“. Мора да се цените себеси високо за да знаете каков третман кон вас е неприфатлив и да имате црвена линија до каде може другите да одат.

Исцртајте црвена линија

Има моменти кога треба да се жртвуваме за оние што ги сакаме и тоа е сосема човечки. Вие ја носите одлуката дали ќе се жртвувате за некого и вие си ја дефинирате границата до каде би се жртвувале. Но,  кога ќе дозволиме нашите односи да ги дефинираат нашите граници, често можеме да завршиме во многу зависни и слаби позиции. Колку и да сакаме некого, тој нема право да нѐ злоупотребува или користи. Доколку некои го прават тоа постојано и често, одбивајќи да застанат, може да дојдете до точка каде што ќе мора да ги отсечете за свое добро.

Сепак не ги отсекувате луѓето лесно

Убаво размислете дали ситуцијата која ја расипува вашата врска е нешто што може да се реши со разговор или нема поента да се трудите. Ако сметате дека се работи за некое недоразбирање тогаш најубаво да разговарате. Сепак, секогаш, треба да дадете на знаење кои работи ви сметаат, бидејќи можеби другата личност ги прави несвесно и ќе внимава на тоа. Доколку пак си тера по свое, размислете си убаво.

Доста ви е од манипулации

Сите ние сме жртви на некој начин, некои од нас повеќе од другите. Животот може да биде зезнат ама работите се надминуваат или решаваат на некој начин. Менталитетот на жртвата не е само да признаеш дека си жртва, овој статус често се користи и како алатка за манипулација, срам, навреда и контрола на другите. Kога некој го користи статусот на жртва за да ве повреди, засрами и контролира, тоа може да предизвика разделба засекогаш.

Ок, ве искористија ама последен пат

Никој од нас не сака да биде искористен ама се случува. Свесно или несвесно некогаш даваме повеќе отколку што треба мислејќи дека инвестираме во некоја релација за подоцна да сфатиме дека не било ценето од другата страна. Секому му се случило па стануваме малку повнимателни со секоја нова релација.  Но, ако дозволите некој да ве третира како автомат или алатка што може да ја искористи кога ќе помисли на тоа, тоа е многу обесхрабрувачко и повредува. Ова е дефинитивно момент каде што мора да изберете да се цените себеси доволно за да кажете збогум и навистина да го мислите тоа. Ужасната вистина е дека ако им дозволите на луѓето да ве третираат како сервилни, ќе станете навистина и ќе личите на сервилни. Мора високо да ја оцените вашата вредност ако сакате и другите да сфатат дека не сте глуперда.

Имајте критериуми

Целата поента во отсекувањето на луѓето кои не ви требаат во животот не е за нив да ги повредите или да чекате да видите дали ќе се јават или дали им е тешко. Не, ги отсекувате и ги заборавате. Ги заборавате нив, но не и причината зошто се отсечени. Клучно е да знаете што ви смета за да можете да го препознаете следниот пат одма и да се заштитите од непотребни драми. Важно е да знаете какви луѓе сакате во животот ама уште поважно е да знаете какви не сакате.

Ќе доживеете вистинско задоволство од животот само кога вашите цели се усогласени со вашите вредности. Е сега, луѓето кои ќе бидат отсечени ќе почнат да зборат лошо за вас, како вие тоа така одеднаш сте им направиле нешто. Ама тоа се секако луѓе кои се пред сѐ токсични, инаку не би ги збришале од животот. За нив е сосема нормално да глумат жртви. Можеби ќе одат до таму да ви објаснуваат дека тоа не е нормално и да пробаат да ја свртат работата дека вие сте проблемот, ама вие веќе знаете да ги препознаете дека тоа се гаслајтери. Тие може да прават што сакаат, да зборат што сакаат, игнорирајте слободно. Ако знаеле да го ценат вашето присуство и внимание ќе се труделе да го задржат, но бидејќи мислеле дека секогаш ќе сте тука за нив, не се труделе. Овие луѓе се навикнати да бидат околу сервини ликови без самопочит и без самовреднување. Вие баш и не морате да бидете такви. Отстранувањето на некоја личност од животот нека ви е крајно решение за релацијата, доколку можете само да ги заладите односите и да се дистанцирате направете го тоа. Но доколку ви прават штета или едноставно толку паднале во вашите очи што не вредат ни здраво да им кажете тогаш мора да ги извадите самопочитта и самовреднувањето и да им покажете каде им е местото. Раатот нема цена.