Тоа шо може да видам денес нема шо „ќе видиме утре“!

Луѓето на кои не треба да им веруваш

За полесно да ги познаете

На прв поглед не е лесно да препознаете личност на која не можете да ѝ верувате, но доволно е само час до два, или едно кафе, за да можете да препознаете дека нешто не е во ред. Едноставно, претчувството така ќе ви каже.

Сепак, ако не препознаете од прва, не е страшно, додека не сте задлабочени во некој однос или самите станете жртва на ваквите ликови. Ова се тие „црвени знаменца“ кои ќе ви покажат со кого си имате работа:

  1. Го игнорираат вашиот личен простор

Ако некој кој не го познавате добро и немате никаков воспоставен однос постојано ви го нарушува просторот и не ги почитува вашите граници, дури и кога сето тоа изгледа неважно и наивно, всушност таа личност може да биде прилично опасна.

  1. Упорен контакт со очи

Прочитале некаде дека контактот очи во очи е основа за стекнување доверба, но не и по цена да се чувствувате како некој манијачки да ви го набљудува секој потег. Обидете се да го прекинете тоа ако ви е непријатно.

  1. Постојано ја водат комуникацијата

Ако се чувствувате како тие да ги влечат конците во разговорот, наметнуваат ставови, привлекуваат внимание со тонот и гестовите, овие луѓе иако се добри раскажувачи и продавачи на приказни, всушност поставуваат енергетска бариера, после која се чувствувате истрошено, иако само сте молчеле.

  1. Се отвораат пребрзо

Никој во никого не може да стекне инстантна доверба, па да се отвори за целиот багаж уште на прво кафе. Ова е знак дека тие луѓе не знаат за граници и дека ќе направат сè само за да ве придобијат и од тоа извлечат лична корист.

  1. Имаат дрски забелешки

Ќе бидат слаткоречиви, ќе направат дури и да ви е пријатно и тогаш ќе испукаат коментар од типот на: „Не си ги фарбаш белите влакна?“, „Користиш нешто за акните?“, „Тегет не ти стои“, „Да ослабнеш/се здебелиш и топ ќе бидеш“ и наеднаш не ви е пријатно околу нив. Колку и да изгледа наивна, ваквата забелешка е добро смислена, затоа пазете се.

  1. Знаат премногу за тебе

Може да се случи на интервју за работа, на дејт, на состанок, некој да изнесува за тебе лични работи, кои не дека ги криеш, но некој кој не те знае може да ги дознае само ако подолго време те набљудува или прогонува.

  1. Не прифаќаат „не“ како одговор

Секој од нас има причина зошто одбива нешто и некого и секако дека сите имаме право на тоа. Но, луѓето кои немаат искрени намери и во кои не треба да имаш доверба го злоупотребуваат тоа, правејќи да се чувствуваш несигурно и да ги преиспитуваш своите досегашни одлуки и ставови.

  1. Никогаш не се извинуваат

Дури и да признаат дека згрешиле или не биле во право, сето тоа ќе го свртат во правец на тоа дека некој друг е виновен поради тоа. Во нивните глави навистина е така, но се извинуваат само затоа што некој им кажал дека така треба, за да прекинат конфликт. Но, не се чудете ако по некое време го извлечат истото од под тепих и ве обвинат за тоа.

  1. Одат од крајност во крајност

Нивните мисли се или црни или бели, но никогаш нема да се најдат во сивилото измеѓу. Може да бидат прекрасни со вас, а веќе во следниот момент одвратни и нема да бираат зборови со кои ќе ве понижат, ниту пак дали тоа го прават приватно или јавно.

  1. Ги „буцкаат“ луѓето едни против други

Каде и да се појават, ќе направат конфликти и караници. Додека да се освестите, веќе сите во колективот или во друштвото ќе бидат скарани, а секако, најсомнителен во овој случај е оној кој ем не се кара со никого, ем добива личен бенефит од таквиот хаос.

  1. Кај нив нема емпатија

Едноставно, немаат капацитет за тоа, ни интелектуален, ни емоционален. Дури и да се обидат да покажат, ќе го свртат тоа во своја лична насока.

  1. Не знаат да раскажат приказна правилно

Кога ќе ги прашате некогаш, почнуваат да нафрлаат толку многу информации и детали за да додадат на релевантност, што во даден момент сфаќате дека ви кажале сè, освен главната поента и одговорот на вашето едноставно прашање, кое може да биде одговорено со неколку зборови само.

  1. Не знаат да прифатат критика

А како може некое толку совршено и возвишено суштество да биде критикувано? Луѓето на кои не треба да им верувате често располагаат со самодоверба до степен да им завидувате колку може да бидат егоистични и да не мислат на ништо и никого.

Пазете се, бидејќи не е тешко да налепите на некоја ваква личност, која само ќе ви ја троши енергијата и ќе ве замајува дека така треба. Најстрашно е што дури и интелектуалци и искусни луѓе лесно паѓаат на нив, па секоја нова личност во вашиот живот земајте ја со резерва.