Некој нов третман за коса се вика “француска ноќ”…што е следно, ладна ондулација “благодаревско попладне”?

Есен во моите цврсти нокти

За беспрекорен маникир

Земете го отстранувачот на лак за нокти и малку памук и избришете ги  „дреч“ нијансите, бидејќи еве каде е есента, треба да се мисли и на маникирот.

Оваа есен можете да си изберете и мат и сјаен финиш, неутрални тонови, па дури и поинтензивни бои од што сте навикнати да носите во есен. Може да одите на профи маникир, па да направите надградба или да ставите гел, а ако сте доволно вешти и не си ги мачкате и ноктите и прстите, тогаш трк во продавница да си ги одберете новите омилени бои, нијанси и финиши.

Очекувајте измодерени нијанси од типот на тегет, виолетова, боја на црвено вино, нијанси на кафеава, жолта и портокалова, впрочем, како што можете да видите на сликиве: