„Ако сум женет не ми е сменет…“ и останати пресмешни финти што ќе и се свиѓаат на жена ти ко ќе и се јавам

Емоции преточени во уметност

Како тоа изгледа?

Некогаш емоциите ни се премногу тешки и нè преплавуваат, што ни се чини дека можеме да го видиме облакот кој го создаваат околу нас, тежината која ни ја ставаат над грбот, или морето во кое тонеме додека се бориме со нив.

Во делата на Stefan Zsaitsits преовладува сивилото и не можам да се сетам на ниеден подобар начин да се прикаже состојбата на телото и умот, кога се опседнати од најразлични емоции, анксиозност, летаргија и потребата да се прикаже среќа и задоволство пред другите, кога реално не ни е до тоа.

Сигурно секој од нас во некој момент се чувствувал како тежок облак да го следи каде и да оди или пак, како да тоне секогаш кога се обидува да заспие, а мислите и чувствата не го дозволуваат тоа. Барем еднаш во животот сте се почувствувале уморно, без да има особена причина за тоа, само затоа што истите емоции немале намера да ве пуштат. Тие ве исцрпуваат и тоа може да потрае. Што и да правите, се чувствувате како цело време да сте на работ на постоењето.

Овие слики го доловуваат токму тоа сивило, кое и да сте го почувствувале само еднаш во животот, веднаш ќе го забележите на нив.